• Саше Љолес
Тренерот на Манчестер Јунајтед, Мајкл Керик, не го криеше разочарувањето по ремито 1-1 против Тотенхем на „Олд Трафорд“. „Црвените ѓаволи“ имаа предност и играч повеќе, но примија гол во судиското продолжение и останаа без победа.
„Многу сум разочаран од резултатот. Во второто полувреме бевме подобри, но кога ќе дојдете во толку добра позиција, мора да знаете да го затворите натпреварот. Мораме подобро да управуваме со ваквите ситуации“, изјави Керик.
Тој се осврна и на свирежите од трибините, кои се слушнаа по завршувањето на натпреварот.
„Не е пријатно, многу боли затоа што ми е важен овој клуб. Но, ја разбирам разочараноста на навивачите. Реалноста е таква каква што е и мораме повторно да почнеме да победуваме“, порача тренерот на Јунајтед.
Манчестер Јунајтед така пропушти голема можност да освои три бода, а лошиот почеток на сезоната продолжува да создава притисок врз екипата.


