• Зоран Мишевски

Манчестер Јунајтед конечно победи по девет натпревари и како што некогаш знаеше во ерата на Фергусон, загубен натпревар претвори во победа. Мајкл Керик, менаџерот на Манчестер Јунајтед, го истакна карактерот на својот тим по победата со 3-2 против Рома во Лигата на шампионите:
„Ова беше многу тежок натпревар. Започнавме добро, но голот што го примивме дојде како гром од ведро небо. Самите си создадовме проблеми, што во некоја рака е и разбирливо со оглед на серијата резултати зад нас — бевме малку под тензија и нервоза.
На полувремето им реков на момците дека ни треба позитивен став. На овој стадион може сè да се случи, сум го видел тоа многупати низ годините. Момците во второто полувреме беа фантастични — не се предаваа, притискаа до крај и го добија тоа што целосно го заслужија. Немам кристална топка за да знам што носи иднината, но сега се фокусираме на следниот важен меч против Астон Вила“, рече Керик.
Со две победи и два порази Јунајтед ја направи поднослива првата половина од првиот сегмент на Лигата на шампионите.








