Керик: Се гордеам со оваа игра, но не се залажуваме и сакаме уште победи!

Привремениот тренер на Манчестер Јунајтед, Мајкл Керик, по натпреварот со Манчестер Сити (2-0) изјави дека е пресреќен од карактерот што го покажаа „ѓаволите“ во вечното градско дерби. 

Јунајтед победи со 2-0, а лесно можеше и со поубедлива разлика, нешто што го радува тренерот кој го имаше своето деби на клупата на славниот премиерлигаш. 

„Ова беше голема победа за нас. Не само поради резултатот, туку поради начинот на кој игравме - дисциплинирано, храбро и како вистински тим. Против Манчестер Сити мораш да бидеш максимално фокусиран сите 90 минути, а момчињата го направија токму тоа што се бараше од нив. 

Покажавме зрелост, трпение и квалитет во клучните моменти. Не се занесуваме, ова се само три бода, но вакви победи даваат самодоверба и покажуваат дека сме на вистинскиот пат. Им честитам на играчите, а навивачите беа фантастични. Нивната поддршка ни даде дополнителна енергија“, рече Керик. 

За Манчестер Јунајтед ова беше само деветта победа сезонава, но дава надеж дека тимот може значително да ја крене формата и да ги подобри резултатите на следните мечеви.