Керик ја откри причината – еве зошто Роналдо е на клупа со Челзи!

Привремениот тренер на Манчестер Јунајтед, Мајкл Керик, реши на големото дерби со Челзи да го остави Кристијано Роналдо на клупата. Во разговор со медиумите тој откри зошто португалскиот ас е резерва.

„Неколку ротации и промени ни беа потребни за да ги освежиме работите. Роналдо е наше истакнато име. Имав разговор со Кристијано, тој одлуката ја прифати одлично“, изјави Керик.

„Ѓаволите“ се мачат на гостувањето во Лондон без Кристијано Роналдо. На полувремето немаат ниту еден шут во рамки на голот на ривалот.

Состави

Томас Тухел

3-4-2-1

    Ралф Рангник

    4-3-1-2