• Саше Љолес
Антонио Конте веројатно ќе биде следниот тренер на Манчестер Јунајтед. Италијанските медиуми тврдат дека искусниот стратег е блиску до договор со англискиот гигант, кој размислува за отказ на Мајкл Керик по разочарувачкиот почеток на сезоната.
Притисокот врз Керик расте по слабите резултати на „црвените ѓаволи“. Екипата освои само шест бода во првите шест кола од Премиер лигата, а елиминацијата од Лига-купот дополнително ги зголеми сомнежите околу работата на англискиот тренер.
Конте, од друга страна, има сериозно тренерско портфолио. Со Челзи ја освои Премиер лигата во сезоната 2016/17, а во Италија се прослави со трофеите со Јувентус и Интер. Последниот голем успех го имаше со Наполи, со кого стана шампион на Италија во сезоната 2024/25.
Италијанецот претходно навести дека би сакал да преземе клуб со голема историја и амбиции, што дополнително ги поттикна шпекулациите за негово доаѓање на „Олд Трафорд“. Сепак, останува да се види дали раководството на Јунајтед ќе се реши за тренерска смена и дали наводниот договор со Конте навистина ќе биде реализиран.
Според повеќе италијански медиуми, преговорите со Конте се во напредна фаза, а неговото доаѓање е „условено“ со уште еден или два лоши резултати под водство на Керик.
