Кепа во стилот на Меси: Денот кога Аргентинецот одби да го послуша Луис Енрике (ВИДЕО)

Луис Енрике Меси

Случајот со Кепа Аризабалага, голманот на Челзи кој одби да излезе од игра на финалето во Карабао Купот, не е прв кој се случил на фудбалските терени.

Пред пет години, Луис Енрике се најде во ситуацијата на Маурицио Сари и доби „корпа“ од Лионел Меси кој одби да излезе од игра. И покрај инсистирањето на неговиот тренер, Аргентинецот ја оствари својата намера поради која „настрада“ Нејмар, кој го напушти теренот и му го препушти местото на Мунир.

Шпанскиот голман е во центарот на вниманието на фудбалската јавност која остана во шок по неговата одлука на „Вембли“. По мечот и Сари и Кепа објаснија дека се работеше за недоразбирање и дека случката испадна посериозна отколку што навистина е.