ВИДЕО: Кепа спречи ЕВРОГОЛ на голманот на Вотфорд, па го „поздрави“ со прегратка! 

Ретко видена сцена се случи на вчерашното лондонско дерби во Премиер лигата меѓу екипите на Челзи и Вотфорд. 

Во главната улога беа голманите на двете екипи, Кепа и Бен Фостер. Во самиот финиш од мечот, шпанскиот чувар на мрежата на „сините со одлична интервенција спаси еврогол на противничкиот голман, кој биеше со глава, а по големата шанса на Вотфорд следуваше прегратка на двајцата голмани. 

  • Интервенцијата на Кепа по ударот на Фостер: 

Инаку, Челзи со головите на Пулишиќ и Абрахам славеше победа од 1-2 на овој дуел, додека единствениот погодок за поразениот тим го постигна Делофеу од пенал.