• Горан Упале

Екипата на Динамо Загреб го чува минималното водство против Челзи, на отворањето на новата сезона во Лигата на шампионите.
На „Максимир“ домашните фудбалери имаат водство од 1-0, а малку фалеше предноста да биде повисока. Македонскиот репрезентативец, Стефан Ристовски, кон средината на вториот дел, испрати „проектил“ кон противничкиот гол, но Кепа со спектакуларна одбрана со врвот на прстите не дозволи ново домашно славје.
- Шанската на Ристовски против Челзи:
Погодокот за водство на „сините“ против лондонскиот гигант го постигна Оршиќ во 13. минута.