• Горан Упале

Екипата на Атлетико Мадрид има рано водство во вечерашното големо дерби против Реал Мадрид.
Се играше четвртата минута на „Метрополитано“ кога Лино испрати прецизен центаршут во казнениот простор на „кралевите“, а на топката налета Мората и со глава го матира Кепа, кој остана закован во место.
- Голот на Мората против Реал:
За „детето“ на Реал Мадрид ова е четврти овосезонски гол за Атлетико во Примера.