ВИДЕО: Кепа прави чуда, со две нестварни одбрани го чува Челзи против Ливерпул! 

Екипите на Челзи и Ливерпул играат атомски фудбал во Истанбул во рамки од Суперкупот на УЕФА. 

По водството на Челзи во првиот дел, само што започнаа вторите 45. минути Мане со многу среќа израмни на 1-1, а во продолжението Ливерпул имаше уште неколку големи можности за погодок, но пред себе го имаа фантастичниот Кепа. Шпанскиот чувар на мрежата вечерва е брилијантен, а тоа го докажа со нестварните две обрани во самиот финиш од мечот, кои беа одлучувачки за продолженијата во Истанбул.

  • Двете фантастични одбрани на Кепа во Истанбул: 

На спротивната страна Челзи имаше „проблеми“ со судиите, затоа што Пулишиќ и Маунт постигнаа голови, но истите беа поништени поради офсајд ситуации.