„Кенгурот“ Талески и Јуфо се нови фудбалери на Вардар!

Македонскиот фудбалски вицепрвак Вардар донесе уште две имиња во своите редови и се засили со младиот Алекс Талески, како и бразилскиот фудбалер Виктор Нилдо Јуфо.

Бразилскиот интернационалец кој има 25 години и настапува во средниот ред доаѓа од Албанија, а со Вардар потпиша двегодишен договор. За фудбалерот од средниот ред ова е втор предизвик во Македонија, откако беше дел од Шкендија од 2015 до 2017 година.

Алекс Талески, пак, е момче со македонско потекло родено во Австралија и стави потпис на договорот на две години, со можност да биде продолжен на уште една. Станува збор за играч роден 17 јуни 2000 година, и игра во офанзивниот дел од средниот ред.

Претходно, Вардар се засили со Филип Најдовски и Дарко Мицевски, а се очекува до крајот на преодниот рок да пристигнат уште неколку имиња.