• Мартин Танасковски

Екипата на Беласица остана без еден од играчите, затоа што Зак Кочанковски, Македонец кој е роден во Австралија, реши да се врати во „земјата на кенгурите“.
23-годишниот играч од одбраната кој игра на централната стоперска позиција во Македонија дојде од австралискиот фудбал каде беше дел од екипате на Џилонг, а претходно и за тимот на Вестерн Јунајтед.
Кочанковски имаше искуство во нашата земја и во Брегалница, па потпиша за Беласица, меѓутоа сега се враќа во Австралија каде потпиша договор со неговиот стар клуб Џилонг.
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.