„Кенгурот“ Алекс Талески промовиран во Викторија Плзен

Алекс Талески, младиот фудбалер кој беше дел од Вардар, кариерата ќе ја продолжи во Чешка каде ќе го носи дресот на Викторија Плзен.

Талески, кој има 19 години и настапува во средниот ред, не доби вистинска шанса во Македонија и одигра само 44 минути. Поради тоа, реши да ја бара среќата во друг клуб и направи трансфер во Викторија Плзен.

Македонецот кој е роден во Австралија ќе биде прекомандуван во јуниорскиот тим, со цел да добие минутажа во наредниот период и да влезе во ритам.