ВИДЕО: Келн за едно полувреме ја надигра Борусија во Менхенгладбах

Екипата на Келн славеше на гостувањето кај Борусија Менхенгладбах со 1-3 (0-3) во дуелот од 30. коло на Бундеслигата. За половина час гостинот на „Борусија Парк“ постигнаа три погодоци, кои беа преголема негатива за „ждребињата“ да ја стопат. 

  • Извештај од натпреварот:

По пет минути игра резултатот го отвори Ентони Модест, по асистенција на Каинц (0-1). Асистентот се претвори и во стрелец, бидејќи во 20. минута ја удвои предноста. Келн успеа да дојде и до трет погодок пред паузата, во 34. минута преку Дејан Љубичиќ, за навистина комфортна предност. 

Борусија менуваше во вториот дел, се обиде да го смени и текот на натпреварот, меѓутоа безуспешно. По неколкуте испуштени шанси, почесен погодок постигна Брил Емболо. Швајцарецот во 85. минута стрелаше за конечните 1-3. 

Келн се наоѓа на шестата позиција со 46 бода, два повеќе од Хофехнајм кој има шанса со триумф над Гројтер Фирт да се врати на местото кое води во Европа. 

Состави

Steffen Baumgart

4-2-3-1