ВИДЕО: Келн сигурен со Херта во Берлин за трето првенствено славје во низа

Фудбалерите на Келн љубоморно ја држат шестата позиција на табелата која е последна која води во евро-куповите следната сезона. Денес во пресметката од 18. коло Келн се радуваше на гости кај Херта со 1-3 (0-2). 

  • Извештај од натпреварот:

Дуелот на „Олимпискиот стадион“ во Берлин во целост им припадна на гостите, барем од резултатска смисла. Келн беше подобар од стартот и тоа резултираше со водечки „блиц-крик“ и два брзи гола во 30. и 32. минута. Првиот беше дело на Ентони Модест кој по центаршут на Ут, со глава реализираше за 1-0. По него Онжеј Дуда искористи одбиена топка и со добар удар го матира Шволов за удвојување на водството (0-2). 

Домашните фудбалери успеаја да ја вратат надежта за позитивен резултат, откако во 57. минута Владимир Дарида погоди за 1-2. Играчот за врска стрелаше директно од слободен удар и атрактивно ја врати Херта во игра. 

Сепак, тимот од Берлин немаше сили за целосен кам-бек, па конечните 1-3 ги постави Јан Тиелман во првата минута од судиското продолжение. 

Состави

Tayfun Korkut

4-4-2

    Steffen Baumgart

    4-1-3-2