ВИДЕО: Келн настрада од Левандовски, РБ Лајпциг го прекина постот на гости

Роберт Левандовски одново беше човекот кој донесе победа за Баерн Минхен. Лидерот во Бундеслигата славеше на гости кај Келн (0-4) во рамките од 19. коло.

  • Келн - Баерн Минхен 0-4: 

Полскиот напаѓач го отвори натпреварот во деветтата минута. Следуваше маестрална акција на Томас Милер, по која Корентин Толисо постигна фантастичен погодок за 0-2. Остатокот од мечот му припадна на најдобриот стрелец на баварскиот тим. Во период од десет минути Левандовски реализира двапати и уште повеќе ја зголеми предноста меѓу стрелците во најдоброто германско првенство.

  • Хет-трикот на Левандовски против Келн: 

Унион Берлин го доби директниот дуел и се израмни на табелата со Хофенхајм (2-1). Баумгартл си постигна автогол, а потоа тимот од главниот град заигра подобро. Воглзамер израмни во првиот дел, а конечна радост на домашната екипа донесе Промел, со удар со глава по средината од голот.

  • Унион Берлин - Хофенхајм 2-1: 

Гостинска победа оствари РБ Лајпциг кај Штутгарт (0-2). Домашните навивачи одново разочарани го напуштија стадионот. Виновници за тоа беа Андре Силва и Нкунку, со два гола вредни три бода за „биковите“.

  • Штутгарт - РВ Лајпциг 0-2: 

Голот на Сент Хусте беше доволен за Мајнц 05 да го доби Бохум, а последниот меч меѓу Волфсбург и Херта заврши без голови (0-0).

Состави

Steffen Baumgart

4-1-3-2

    Јулијан Нагелсман

    4-2-3-1