ВИДЕО: Келн го изненади Ајнтрахт и го освои првиот бод во новата сезона

Екипата на Келн му одзеде планирани два бода на фаворитот Ајнтрахт Франкфурт, откако одигра реми од 1-1 (0-1) на домашен терен во пресметката од четвртото коло на Бундеслигата. Гостинот поведе преку Андре Силва од пенал, ама Дуда израмни по паузата и Келн издржа до крајот без да прими гол. 

  • Извештај од натпреварот:

Очекувано, Ајнтрахт Франкфурт беше тимот кој ја контролираше играта и напаѓаше. Иако немаа многу сериозни шанси, гостите стигнаа до предност го погодокот од белата точка на Андре Силва. Пред паузата домашните дефанзивци прегрубо реагираа во шеснаесетникот и Франкфурт доби пенал, од кој поведе со 0-1 во 47. минута. 

Сепак, предноста на гостите не траеше долго. Само седум минути игра во продолжението им беа потребни на Келн за израмнување. Ехизибуе упати прецизна топка на пеналтикот до Онжеј Дуда, а Словакот со одмерен удар ја затресе мрежата на Трап.

До крајот на натпреварот имаше уште по неколку шанси на двете страни. Туре и Јунес го тестираа Тимо Хорн, кој добро одговори на задачата. На спротивната страна, за Келн се закани стрелецот на голот Дуда и Јакобс, ама и Трап беше присебен, па немаше промена на резултатот. 

За Келн ова е прв освоен бод во новата сезона од Бундеслигата, додека Франкфурт се наоѓа на четвртата позиција со осум бодови.