Кек: Пораз од Македонија не ме плаши, ме плашат само повреди

Словенечката фудбалска репрезентација со мало доцнење пристигна во Скопје и го најави натпреварот против Македонија во рамки на квалификациите за ЕП 2020. Селекторот Матјаж Кек истакна дека не стравува од пораз во Скопје и потенцира дека тие тука се дојдени по три бода со кои останат во игра за ЕП 2020.

„Сите сме свесни што не чека на гостински терен. Доаѓаме во Скопје со голем респект кон Македонија. И двете селекции имаат потреба од бодови, а се надевам дека ние ќе бидеме тие што ќе победиме. Што се однесува дали се плашам од пораз, се плашам само од повреди, од ништо друго. Поразите се составен дел од фудбалот. Во Скопје пристигнавме со доцнење и со мали проблеми, но тоа може да биде само мотив за нас“, изјави Кек.

Првиот меѓусебен натпревар на Словенија и Македонија одигран во Љубљана заврши без победник (1-1). Втората меѓусебна средба од евроквалификациите стартува в четврток, од 20:45 часот на Арената „Тоше Проески“ во Скопје.

Европско првенство, Квалификации, Група G
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ПолскаПолска 8 6 1 1 13:2 11 19
2 АвстријаАвстрија 8 5 1 2 17:7 10 16
3 МакедонијаМакедонија 8 3 2 3 10:11 -1 11
4 СловенијаСловенија 8 3 2 3 13:8 5 11
5 ИзраелИзраел 7 2 2 3 12:14 -2 8
6 ЛетонијаЛетонија 7 0 0 7 1:24 -23 0