Кек: Не Шпанија и Германија... Македонија треба да е наш пример!

Матјаж Кек и неговата Словенија се соочија со Македонија во квалификациите за Европското првенство (ЕП) во 2020 година. Нашиот национален тим остана непоразен, но преку групата и двете селекции не патуваа на ЕП, па Ангеловски ја искористи „втората шанса“ и преку Лигата на нации дојде до групите.

Некогашниот стратег на Ријека му честита на Ангеловски и на Македонија за постигнатото и истакна дека на своите фудбалери на последниот тренинг им посочил дека не треба да следат селекции како Шпанија или Германија, туку пример да биде Македонија.

„Ова е страшно позитивна приказна. Мојот стар познаник Игор Ангеловски направи феноменална работа, му честитав по мечот, а сакам сега уште еднаш јавно да го направам тоа. И тоа не само на него, јас се познавам со неколку други играчи од тимот како што се Стефан Ристовски, Дарко Велковски, Аријан Адеми. Приказната на Македонија покажува дека се е можно во фудбалот. Така, Македонците нема да ги наречам симпатични, туку ќе ги наречам квалитетни Македонци кои изградија репрезентација која во секој момент дава се од себе. Ни поставија добар предизвик. На моите фудбалери им кажав дека има на што да се огледуваме. А тоа не е Шпанија или Германија. Туку Македонија и оваа добра приказна за фудбалот“, изјави Кек.

Словенија последен пат играше на големо натпреварување во 2010 година, кога се пласира на Светското првенство (СП) во Јужна Африка.