• Зоран Мишевски
Фудбалерите на Баерн Минхен се квалификуваа во второто коло од Купот на Германија, но дури откако го победија третолигашот Вехен од Визбаден во последните секунди со резултат од 2-3. Хари Кејн од трагичар стана херој, бидејќи промаши пенал во 76. минута кога резултатот беше 2-2, но се поправи во последните минути по асистенцијата на Станишиќ за победа.
Баерн поведе во 16. минута, откако Хари Кејн овој пат постигна гол од пенал за 0-1. Кога Мишел Олисе го зголеми резултатот на 0-2 во 51. минута, се чинеше дека сè е завршено. Но, фудбалерот на Вехен, Каја постигна два гола за општа возбуда, бидејќи прво го намали резултатот на 1-2 во 64. минута, а потоа пет минути подоцна израмни на 2-2.
- Извештај од натпреварот:
Потоа Кејн промаши пенал, но во судиското продолжение ги растажи домашните навивачи со удар со глава по асистенцијата на Станишиќ.







