ВИДЕО: Кејн творец на триумфот, Баерн со „минималец“ против Менхенгладбах

Екипата на Баерн Минхен успеа да слави победа на традиционално незгодниот терен кај Борусија Менхенгладбах и освои нови три бода со минимални 0-1 (0-0) во натпреварот од 16. коло во германската Бундеслига. 

  • Извештај од натпреварот:

Автор на триумфот беше Англичанецот Хари Кејн, кој прецизно реализираше удар од белата точка во 68. минута и го постигна петнаесеттиот лигашки гол сезонава. Домаќините не одиграа според планот, иницијативата комплетно беше на страната на Баерн, додека Менхенгладбах не успеа ниту еднаш посериозно да се закани по голот на Мануел Ноер. 

Винсент Компани одлично ја постави играта на Баварците кои имаа уште неколку шанси за поубедливо славје, но и конечните 0-1 беа сосема доволни за нов триумф кој го остава Баерн на врвот на табелата со 39 бода. 

Во следното коло баварскиот гигант ќе го пречека Хофенајм во Минхен, додека Менхенгладбах ќе патува на гостување кај Волфсбург. 

Состави

Винсент Компани

4-2-3-1