Кејн разочаран од откажувањата на соиграчите: „Англија мора да им биде пред клубовите“

Капитенот на англиската фудбалска репрезентација Хари Кејн е разочаран поради големиот број откажувања на неговите соиграчи за следните два натпревари на Англија во Лигата на нации против Грција и Ирска.

Дури девет играчи отпаднаа од комбинацијата на привремениот селектор Ли Карсли, главно поради повреди, но Кејн смета дека има и други причини.

„Мислам дека Англија треба да биде пред сè. Англија е поважна од клубот. Репрезентацијата е најважното нешто што ќе го доживеете како професионален играч, а Герет Саутгејт инсистираше на тоа и не се двоумеше да направи кратења ако почувствува дека некои играчи не ја ставаат репрезентацијата пред клубот“, вели фудбалерот на Баерн.. 

На прашањето дали чувствува дека кај играчите е намалена желбата да играат за репрезентацијата за претстојната репрезентативна пауза, Кејн даде потврден одговор:

„Да, овој пат тоа е очигледно. Мислам дека можеби е поради тешкиот период од сезоната и можеби ја користат ситуацијата. Не ми се допаѓа тоа, да бидам искрен. Мислам дека селекцијата треба да биде поважна од клубот“, заврши капитенот.

Трент Александар-Арнолд, Кол Палмер, Фил Фоден, Џек Грилиш, Букајо Сака, Деклан Рајс, Арон Рамсдејл и Леви Колвил не му одговорија на селекторот Ли Карлсли за натпреварите со Грција и Ирска.

На Англичаните им требаат две победи во следните два натпревари за да се пласираат во А Лигата на Лигата на нации.