• Горан Упале
Хари Кејн, ѕвездата на Баерн Минхен, верува дека ќе биде главен кандидат за „Златната топка“ доколку со Англија ја освои титулата светски првак. По спектакуларната сезона во која постигна 61 гол, напаѓачот е уверен дека триумф со репрезентацијата би му ја донел најпрестижната индивидуална награда во фудбалот.
Кејн, пред својот 33 роденден, ја одигра веројатно најдобрата сезона во кариерата. Со 36 гола на само 31 настап беше најдобар стрелец во Бундеслигата, по вторпат во три години ја освои европската „Златна копачка“ и со Баерн стигна до домашната тројна круна. Во неодамнешно интервју за „Л’Eкип“ призна дека ваквите достигнувања го поттикнуваат да размислува за „Златната топка“, која ќе биде доделена на 26 октомври во Лондон.
И покрај извонредната клупска статистика, капитенот на англиската репрезентација е свесен дека за освојување на „Златната топка“ речиси сигурно е потребен и успех со репрезентацијата.
„Секако дека би бил еден од фаворитите. Со оглед на трофеите што ги освоив оваа сезона и бројот на постигнати голови, би бил во најтесниот избор“, изјави Кејн, нагласувајќи дека е свесен оти само клупските успеси можеби нема да бидат доволни.
„Особено затоа што, во случај Англија да го освои Светското првенство, може да се очекува наградата да заврши кај некој англиски фудбалер“, додаде Кејн.
Aнглија шампионот во Соединетите Американски Држави, Канада и Мексико ќе го започне со дуел со Хрватска, а потоа во групата ќе се сретне уште со Гана и Панама.






