Кејн пред Роналдо на листата на стрелци во евро-квалификациите

Со натпреварите од десеттото коло вчера завршија квалификациите за Европското првенство во 2020 година. Капитенот на Англија, Хари Кејн е најдобар стрелец во квалификациите, откако на осум натпревари, постигна 12 голови, четири од нив беа од пенал.

Кристијано Роналдо заостана за еден гол зад Кејн, откако циклусот го заврши со 11 гола, три од нив од пенал. Исто така 11 погодоци запиша и Еран Захави од израелскиот национален тим, но тој сите голови ги даде од игра.

Велс последен избори пласман по десет кола во редовните квалификации, а меѓу учесниците единствен дебитант е Финска. 

Група А: Англија, Чешка
Група Б: Украина, Португалија
Група Ц: Германија, Холандија
Група Д: Швајцарија, Данска
Група Е: Хрватска, Велс
Група Ф: Шпанија, Шведска
Група Г: Полска, Австрија
Група Х: Франција, Турција
Група Ј: Италија, Финска

Останаа уште четири празни места кои ќе бидат пополнети со одигрувањето на завршницата на Лигата на нации. Следното Европско првенство ќе се одржи во 12 земји, а финалето е закажано на „Вембли“.