Кејн потроши повеќе од МИЛИОН ЕВРА во хотел, па ја купи куќата на екс-ѕвезда на Баерн

Приказната дека Хари Кејн има проблем да најде идеално место за живеење во Минхен беше актуелна пред одредено време. Англичанецот, кој летово се пресели летово од Тотенхем, во Минхен со месеци живееше во ултра-скап и луксузен хотел во центарот на градот. 

Сепак, тој и семејството конечно пронајдоа нов дом во овој германски град. Според германските медиуми, Кејн со сопругата и децата ја купил вилата која претходно беше во сопственост на поранешниот играч на Баварците, Лукас Хернандез. Францускиот дефанзивец летово прејде во Пари Сен Жермен, а тоа го искористи новата ѕвезда на Баерн.

Досега Хари Кејн плаќаше по 11.000 евра од ден за престој во хотелот во Минхен. Според пресметките, англиската ѕвезда на Баерн потрошил околу 1,2 милиони евра по преселбата во Германија само на луксузниот хотел.