• Иван Димовски
Отворањето на второто полувреме на мечот на „Бернабеу“ меѓу Реал Мадрид и Баерн Минхен тргна во корист на гостинот од Германија.
По само дваесет секунди игра во вториот дел Хари Кејн успеа да ја удвои предноста (0-2). Уште еднаш Англичанецот покажа дека е класа, откако доби топка од Олисе и со убав удар од надвор од шеснаесетникот го матира Лунин.
Баварците одлично влегоа во второто полувреме, а рано примениот гол дополнително го шокираше Реал.




