• Горан Упале

Екипата на Арсенал ја прекина победничката серија на Тотенхем во претходното коло, но „петлите“ од Лондон експресно се вратија на победничките патеки, откако во последниот денешен натпревар од десеттото коло во англиската елита со минимални 0-1 (0-1) го совладаа составот на Брајтон.
- Извештај од натпреварот:
Тотенхем имаше фуриозен старт и две големи шанси за краток период. Најпрвин во четвртата минута Сон изведе одличен слободен удар, но Санчез се истегна колку што можеше и успеа да интервенира. Потоа се обиде Доерти, но од тринаесет метри шутираше над голот на Брајтон.
Домашните првпат се заканија во 17. минута, кога Велбек ја погоди стативата. Пет минути подоцна Тотенхем го казни тоа. Сон испрати прецизно додавање до Кејн, кој го постигна својот осми гол во Премиер лигата сезонава.
Брајтон можеше да израмни до полувремето, но Данк и Марџ не ги искористија добрите прилики. Во продолжение Кејн шутираше од одлична позиција, но топката профучи покрај домашниот гол, додека во финишот Сон ја погоди целта, но голот беше поништен поради офсајд.
There's only one, Gian Piero pic.twitter.com/hhz5tMugPV
— Tottenham Hotspur (@SpursOfficial) October 8, 2022
Натпреварот во Брајтон започна со едноминутен молк, а „петлите“ победата му ја посветија на Џанпјеро Вентроне, помошникот на Антонио Конте кој ненадејно почина пред неколку дена.