• Зоран Мишевски
Нсјдобриот бундеслигашки стрелец, Хари Кејн, најверојатно ќе биде надвор од терените до крајот на декември.
Капитенот на англиската фудбалска репрезентација заработи истегнување на тетивата во саботниот натпревар со Борусија Дортмунд (1-1), па има мали шанси да се врати во последниот натпревар од календарската година.
„Тешко е да се каже колку долго ќе биде надвор од теренот. Има шанси да игра оваа година, но дефинитивно ќе пропушти неколку натпревари. Не можеме директно да го замениме со друг играч, бидејќи тој е единствен во својот вид“, рече тренерот на Баерн, Винсент Компани.
Баерн викендов му гостува на Хајденхајм во Бундеслигата, па следи натпреварот од Лигата на шампионите против Шахтјор Доњецк во Гелзенкирхен.