ВИДЕО: Кејн го промаши првиот пенал во Бундеслигата, Баерн едвај до победа над Волфсбург!

По неочекуваното реми со Хајденхајм во претходното коло од Бундеслигата, како и по елиминацијата од ПСЖ во полуфиналето од Лигата на шампионите, екипата на Баерн Минхен им се врати на победничките патеки и во последниот денешен натпревар во германската елита со минимални 0-1 славеше на гостувањето кај Волфсбург

  • Извештај од натпреварот:

Четата на Винсент Компани уште од поодамна ја обезбеди новата титулата во Бундеслигата, но сезоната сака да ја заврши со стил. Тоа го покажа и на денешниот натпревар, а доколку имаше повеќе среќа ќе извојуваше далеку поубедлива победа. „Виновен“ за тоа е првиот стрелец на тимот, Хари Кејн, кој во првиот дел не реализира удар од 11 метри. Тоа беше негов 25. пенал во Бундеслигата и досега ги постигна сите 24. Сепак, англискиот ас беше неуспешен во овој обид. Кејн го испрати голманот во погрешна насока, но топката заврши на трибините и остана 0-0. Така, Кејн остана на 33 гола во германскиот шампионат.

На полувреме се замина со почетниот резултат, но по само единаесет минути во продолжението Микел Олисе го пронајде патот до противничката мрежа и на својот тим му ја обезбеди 27 овосезонска победа во Бундеслигата. 

Со овој пораз Волфсбург ги загуби сите шанси за директен опстанок во елитата, и во последното коло против директниот ривал Сент Паули ќе одлучува кој тим ќе испадне, а кој ќе игра бараж. Двете екипи имаат по 26 бода.