• Иван Димовски

Фудбалерите на Баерн Минхен се радуваа на победа во дуелот од 21. коло на Бундеслигата, откако на својата „Алијанц Арена“ ја совладаа екипата на Вердер Бремен со 3-0 (0-0).
- Извештај од натпреварот:
Уште од стартот на натпреварот баварците одиграа доминантно, го притиснаа ривалот и се обидоа да стигнат до предност. Сепак, Вердер се бранеше и првиот дел заврши без погодоци.
Вториот дел тргна со голема шанса за Баерн, меѓутоа Хари Кејн ја погоди само пречката. Веќе во 56. минута домашните добија најстрога казна, одговорноста ја презеде токму Кејн и реализира за 1-0. Во продолжението продолжи тимот на Компани да притиска, а тоа му се исплати во финишот.
Точка на победата стави Лерој Сане кој стрела по асистенција на Конрад Лаимер во 82. минута од натпреварот (2-0). Иако веќе сè беше решено, дополнително предноста ја зголеми Хари Кејн кој вторпат реализира од белата точка длабоко во судиското продолжение.
Со оваа победа баварците стигнаа до 54 бода, 11 повеќе од второпласираниот Баер Леверкузен.