• Мартин Танасковски

Тотенхем лесно си ја заврши задачата и со сигурна победа над Брајтон (3-1) се пласира во следната фаза на англискиот ФА Куп, тоа е осминафиналето.
- Извештај од натпреварот:
Антонио Конте на овој дуел ги доби новите засилувања Кулушевски и Бентакур и им даде шанса да дебитираат во второто полувреме. Човек на натпреварот беше Хари Кејн кој демонстрира класа и го однесе тимот во следна рунда.
Англискиот репрезентативец првиот гол го постигна во 13. минута и тоа на атрактивен начин. Доби топка од Хојбјерг, си создаде простор и откосо пласираше во мрежата на противникот. Голманот немаше шанси да интервенира. Десет минути подоцна, Марч си постигна автогол за 2-0. На стартот на вториот дел Бисума ги врати надежите на Брајтон, меѓутоа по еден слалом на Сон, топката со лизгачки старт ја смести во мрежата Кејн и ги постави конечните 3-1.
Премиерлигашот ќе го добие ривалот во следната фаза на ФА Купот на ждрепка.