• Мартин Танасковски
Англискиот фудбалер Хари Кејн изминатиот викенд ја одигра најдобрата партија за Баерн Минхен. Во убедливата победа над Бохум (7-0) тој постигна хет-трик во мрежата на ривалот, арно ама Бундеслигата нема да му го брои.
Логично е да се смета за хет-трик ако играч постигне три гола на еден ист натпревар. На Кејн тоа му успеа, меѓутоа има бизарно правило во Германија кое му го поништува достигнувањето во новиот дрес.
Според правилото во Бундеслигата, за три гола да се сметаат за хет-трик во Германија, сите мора да бидат постигнати во едно полувреме, а не на ист натпревар. Навистина неверојатна ситуација со која му се одзема достигнувањето на Кејн.
Од сите европски лиги ова правило е само во Германија.