Кејн, Али и Вертонген во трка со времето за претстојното финале на ЛШ

Фудбалерите на Тотенхем ќе бидат дел од финалето на Лигата на шампионите, каде за противник ќе го имаат тимот на Ливерпул, а Маурицио Почетино сè уште не знае дали ќе може да смета на своите најдобри фудбалери.

Најголеми шанси од повредените за настап на финалниот натпревар има Јан Вертонген, додека Деле Али и Хари Кејн се надеваат дека ќе бидат дел од финалето на „Ванда Метрополитано“. Повредени се и Серж Орие, Дени Роуз и Виктор Ванијама, но и тие се очекува да се рехабилитираат за најважниот натпревар во историјата на клубот.

„Али имаше чудно чувство и многу лошо го одигра првото полувреме против Евертoн. Поради претпазливост го извадов по првиот дел, но мислам дека беше само уморен. Исто така се надевам дека за финалето во тимот ќе го имам Хари Кејн. Тој веќе започна со тренинзи, но сè уште не е подготвен за целосно враќање во тренажен процес. Се надевма дека за финалето ќе ги имам на располагање најдобрите фудбалери“, заврши Аргентинецот..

Финалниот натпревар на „Ванда Метрополитано“ е закажан на 1 јуни, а фудбалерите на Тотенхем ќе се обидат да ја освојат првата историска титула во Лигата на шампионите.