Кејлор Навас на 38 години го напушти Њуелс и потпиша за клуб од Мексико

Поранешниот голман на Реал Мадрид и ПСЖ, Кејлор Навас, направи нов трансфер во кариерата и замина од аргетинскиот Њуелс Олд Бојс. 

38-годишниот Навас минатото лето беше во дилема дали да замине во пензија, но поптиша за Њуелс и настапи на петнаесет натпревари. Следна дестинација за него ќе биде мексиканскиот Пумас, каде е најавен како големо засилување. 

Од управата на Њуелс му посакаа многу среќа на Навас, истакнувајќи дека прекинот на соработката се случил по заеднички и џентлменски договор. Аргентинскиот клуб за трансферот ќе добие сума од 1,7 милиони евра. 

Навас е вистинска легенда во својата Коста Рика, а на клупски план беше дел од Саприса, Албасете, Леванте, Реал Мадрид, ПСЖ, Њуелс Олд Бојс и Нотингем Форест

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.