ВИДЕО: Кејлор Навас како почетник, Бетис од подарок поведува во Мадрид

По киксот на Барселона навивачите на Реал Мадрид очекуваа лесна победа против тимот на Бетис и враќање на лидерската позиција. Но, почетокот на натпреварот наговестува тежок натпревар, а таа тежина дополнително се зголеми по авто-голот на Кејлор Навас, кој несмасно реагираше по ударот на Санабриа во 25. минута.