ВИДЕО: Кеита погоди за Ливерпул по 15 СЕКУНДИ!

Фудбалерите на Ливерпул во рамките на 36. коло на својот „Енфилд“ играат против Хадерсфилд, а единствена опција од денешниот натпревар е само победа за четата на Клоп.

Така и започнаа домаќините, Мохамед Салах успеа да украде една топка и веднаш ја додаде до Наби Кеита, кој рутински го совлада гостинскиот голман и донесе предност за својот тим (1-0). Воедно голот на напаѓачот на Ливерпул е и најбрз за тимот во клупската историја во Премиер лигата.

  • Голот на Кеита за водство на Ливерпул од 1-0 по 15 секудни игра:

Денешниот погодок на фудбалерот од Гвинеја е негов втор оваа сезона, но на крајот може да се покаже како еден од најважните, доколку „црвените“ ја освојат толку очекуваната титула.