Кеисуке Хонда означи репрезентативна пeнзија по јапонската елиминација од Мундијалот

Откако доцна синоќа Јапонија прокоцка двојна предност и загуби од Белгија со 3-2 во осминафиналето на Светското првенство во Русија, еден од најталентираните фудбалери од земјата на изгрејсонцето, Кеисуке Хонда, одлучи да ја заврши репрезентативната кариера. 

Јапонија по вторпат ја мина групата фаза на Светско првенство и како и пред 16 години испадна веднаш во осминафиналето.

„Вечерва ја завршив својата репрезентативна кариера. Сонував поинаков крај, но едноставно дуелот донесе епилог на кој не се надевавме“, рече Хонда.

32-годишниот плејмејкер за „самураите“ дебитираше во 2008 година, запиша 97 и постигна 32 гола. Фудбалерот на Пачука во мексиканскиот шампионат во Европа блесна во холандскиот Венло, а најдобрите денови ги помина носејќи го дресот на ЦСКА Москва и Милан.