• Зоран Мишевски
Јапонскиот репрезентативец Кеисуке Хонда кариерата ќе ја продолжи во Мексико, во актуелниот првак на Северна Америка, Пачука. Хонда ќе биде пријавен за учество на претстојниот клупски мундијал во декември во Јапонија.
Јапонскиот ас доаѓа од Милан на местото на мексиканскиот репрезентативец Хирвинг Лозано, кој се пресели во редовите на ПСВ Ајндховен.
Хонда ќе биде првиот Јапонец во мексиканската лига, а непознати се условите под кои ќе настапува. Милан го ослободи некогашниот фудбалер на ЦСКА Москва без обештетување.