Кеироз го нападна Роналдо: Историјата на фудбалот во Португалија не започна во Мадеира

Кеироз Роналдо

По мечот на Португалија со Иран, Кристијано Роналдо не се поздрави со тренерот на противникот и неговиот сонародник, Карлос Кеироз, што очигледно не му се допадна на 65-годишниот стратег.

Тоа го натера иранскиот селектор да испрати мала провокација кон капитенот на португалската репрезентација.

„Не сакам да се споредувам со лица кои не се поздравуваат со човек кој цели 12 години работеше во корист на португалската репрезентација. Освојував светски и европски титули со нови идеи и иновации. Историјата на фудбалот во Португалија не започна на Мадеира и со Кристијано Роналдо. Започна многу порано од неговата кариера“ , рече Кеироз.

Лошиот однос помеѓу нив двајца започна во 2010 година, поточно по елиминацијата на Португалците, по која Кристијано беше гневен на одлуките на својот селектор. Тоа го натера Кеироз од тој момент секогаш да го дава својот глас за Лионел Меси пред португалскиот фудбалер во изборот за „Златна топка“.

Неколку репрезентативци на Португалија го нападнаа предводникот на Иран поради однесувањето во меѓусебната пресметка и го осудија дека е без почит за својата родна земја.