ВИДЕО: Кеироз дебитираше со победа, Колумбија славеше во Јокохама

Португалскиот стручњак Карлос Кеироз со победа дебитираше на клупата на колумбиската репрезентација. Поранешниот прв човек на португалската и иранската селекција го наследи Пакерман и на пријателскиот натпревар на гостински терен во Јокохама ја совлада Јапонија со 0-1 (0-0). 

Иако играа без повредените Оспина и Квадрадо, „лос кафетерос“ извојуваа минимален триумф со голот на Фалкао од пенал во 19. минута од второто полувреме. Напаѓачот на Монако голот му го посвети на повредениот репрезентативен другар Кинтеро.

  • Победоносниот гол на Фалкао: 

Сепак, и покрај победата колумбиските навивачи изразија големи критики за дизајнот на новиот дрес на репрезентацијата.

  • Новиот дрес на колумбиската репрезентација: 

Со голот на Ли Чунг-Јонг во 86. минута, селекцијата на Кореја ја совлада Боливија со 1-0 (0-0) во израмнет и натпревар полн со шанси.

  • Победоносниот гол на Ли Чунг-Јонг: