• Мартин Танасковски

Карлош Кеирош го води Иран на третото Светско првенство (СП) во последните две децении. Искусниот стратег по победата над Велс (0-2) не го криеше задоволството и кажа дека конечно може да се говори за фудбал, а не за проблемите кои владеат во азиската држава.
„Ова беше неверојатен ден за нас, се враќаме на фудбалот! Немам зборови, морам да им се заблагодарам на моите играчи. Тие го заслужуваат целото внимание и респектот. Мислам дека луѓето денес ме разбираат и дека сфаќаат дека овие момци сакаат да играат фудбал. Сите играчи заслужуваат поддршка, а ние одигравме за нашите навивачи. Тоа е единствената причина зошто сме овде - да играме за нашите фанови“, изјави португалскиот тренер.
За Иран ова беше прва победа по стартниот пораз од Англија. Во третата рунда, Иранците ќе имаат директна пресметка со САД за второто место во групната фаза.