Кеирош не го повика Родригез: Ова не е негова одлука, туку само моја

Новиот селектор на фудбалската репрезентација на Колумбија, Карлос Кеирош, го објави списокот на фудбалери на кои ќе смета на следните два пријателски натпревари, а во истиот немаше место за ѕвездата на Реал Мадрид, Џејмс Родригез. 

Ваквата одлука на искусниот Португалец наиде на разни шпекулации кај тамошните медиуми, а најгласни беа оние дека Родригез побарал да биде поштеден за овие натпревари. Но, Кеирош веднаш им одговори дека тоа е чисто само негова одлука. 

„Да, слушав дека Џејмс побарал од мене да не биде повикан. Се разбира дека е неточно. Никогаш не разговарам со играчите на ваква тема. Списокот го составувам јас и само јас. Сега ги повикам играчите кои ми требаат да одиграме квалитетни два натпревари, а за понатаму ќе видиме. Кај мене секогаш играат најдобрите“, рече поранешниот селектор на Иран. 

Во октомвриската репрезентативна пауза, Колумбија има закажано дуели со Чиле и Алжир.