ВИДЕО: Кехинде кобен за Тиквеш, Гостивар им се врати на победите

Екипата на Гостивар го скрши мразот и на домашен терен со победа на Тиквеш (1-0) дојде до три бода во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) по повеќе од еден месец.

Гостиварчани со овој триумф направија чекор напред во борбата за опстанок која е изедначена. Тиквеш не се предаде лесно, имаше активен резултат во второто полувреме, меѓутоа тренерот на домашната екипа ги погоди замените и тие донесоа важен гол.

Дуелот тргна во знакот на Гостивар, затоа што уште во 5. минута по еден центаршут Потук донесе предност за домашните. Тиквеш потоа се отвори, а првата шанса ја имаше во 10. минута кога Тодоров биеше откосо, ама Ерсу беше на висината на задачата.

Потоа нервозата дојде на дело кај гостите, кои добија три жолти картони поради груба игра. Пред крајот на првиот дел Тиквеш бараше и пенал поради сомнителен момент и потенцијална игра со рака во казнениот простор на Гостивар, но судиите одлучија дека нема елементи за најстрога казна.

Се играше 70. минута кога гостинот од еден прекин и нафрлена топка дојде до израмнување. Искусниот Вареловски ја стресе мрежата на Гостивар, за 1-1. Меѓутоа радоста траеше кратко, затоа што нововлезениот Кехинде уште еднаш покажа дека е еден од најдобрите голгетери во нашиот шампионат и во 78. минута, тукушто влезе на терен, реализира за 2-1, што беше и конечниот резултат.

Гостивар во следната рунда на ПМФЛ ќе биде домаќин на Брера Струмица, додека Тиквеш во Кавадарци ќе ја дочека Шкендија.