Казната што му се спрема на Mитра ќе го потресе фудбалскиот свет, веќе го споредуваат со Кантона

Српскиот напаѓач Александар Митровиќ доби директен црвен картон на натпреварот против Манчестер Јунајтед, откако прво вербално го нападна судијата, а потоа го оттурна. Јасно е дека напаѓачот на Фулам ќе биде строго казнет, ​ а наводно се подготвува и казна која ќе го потресе фудбалскиот свет.

Манчестер Јунајтед во неделата на „Олд Трафорд“ го победи Фулам со 3-1 и се пласираше во полуфиналето на ФА Купот, но овој натпревар го одбележа Митровиќ, кој доби директен црвен картон по конфронтација со судијата.

Сè започна кога судијата Крис Кавана по ВАР-прегледите досуди пенал за Јунајед и црвен картон за Вилијан. Тоа го налути Митровиќ, кој очигледно не се согласуваше со ваквата одлука и јасно сакаше да му даде до знаење на Кавана. Митровиќ најпрвин вербално го нападна главниот судија, кој се обиде да го игнорира, но сè ескалира кога Србинот го оттурна, за што заслужено доби директен црвен картон.

Англиските медиуми веќе два дена шпекулираат каква казна ќе добие Митровиќ, а веќе е јасно дека таа ќе биде навистина ригорозна. Митровиќ очигледно ќе послужи како пример дека никој од играчите не смее физички да го нападне судијата и дека таквото однесување нема да се толерира. Напаѓачот на Фулам наскоро ќе ја дознае казната која навистина ќе го потресе фудбалскиот свет.

„Телеграф“ објави дека се бара суспензија од десет натпревари за Митровиќ, но дека ФА наводно размислува уште поригорозно да ја казни српската ѕвезда. Наводно, Митровиќ би можел да биде суспендиран дури четири месеци, што би значело дека оваа сезона за него би била завршена. Тој би се вратил да се натпреварува во Англија дури кога ќе започне новата сезона.

Многумина Митровиќ го споредија со Ерик Кантона, кој пред речиси триесет години физички нападна навивач, поради што беше суспендиран на девет месеци додека го носеше дресот на Манчестер Јунајтед.

Состави

Ерик тен Хаг

4-1-4-1

    Marco Silva

    4-2-3-1