• Горан Упале
Екипата на Пари Сен Жермен ќе биде ослабена во финалето на Светското клупско првенство, во кое ќе се соочи со Челзи.
Актуелните европски шампиони нема да можат да сметаат на дефанзивците Вилијан Пачо и Лукас Хернандез. И двајцата добија црвени картони во четвртфиналето против Баерн и затоа го пропуштија полуфиналето против Реал Мадрид, во кое францускиот тим славеше со 4-0.
Парижаните се надеваа дека нивната казна ќе биде намалена, но тоа не се случи, бидејќи и двајцата добија директни црвени картони по сериозни прекршоци.
Дуелот помеѓу ПСЖ и Челзи е закажан за недела на стадионот „Мет Лајф“ во Њујорк.

