Казна од УЕФА за полската Јагјелонија поради транспарент „Косово е Србија“

Европската фудбалска унија (УЕФА) изрече казна за полскиот клуб Јагјелонија, чии навивачи истакнаа транспарент „Косово е Србија“ на вториот натпревар од двомечот против Нови Пазар во квалификациите за Конференциската лига. 

Јагјелонија доби парична казна во висина од 41.000 евра, а воедно ќе мора и да затвори една трибина на следниот натпревар кој ќе се игра во рамките на натпреварувањата на УЕФА. 

Дополнителни 16.000 евра ќе мора да бидат исплатени поради слабата организација на мечот, а во еден дел од подтрибинскиот простор навивачите не можеле да дојдат до своите седишта, што довело до неколку помали инциденти со обезбедувањето и редарите. 

За потсетување, полскиот клуб двапати славеше над Нови Пазар во квалификациите за Конференциската лига и се пласираше во следното коло, каде веќе оствари гостинска победа над екипата на Силкеборг (0-1).