Казна и за Белорусија: Натпревари ќе игра, но на неутрален терен

Белорусија

Белоруската фудбалска репрезентација и сите клубови од оваа држава ќе ги играат своите натпревари на неутрален терен.

Ова е казната која Европската фудбалска унија (УЕФА) ѝ ја изрече на Белорусија, поради соучеството во војната на територијата на Украина. Дополнително, гледачи нема да добијат дозвола да присуствуваат на трибините на овие натпревари.

Одлуката на УЕФА првично се однесува на натпреварите во Белорусија во Лигата на нации против Азербејџан (6 јуни), Казахстан или Молдавија (10 јуни) и Словачка (25 септември).

Русија веќе доби казна од УЕФА и нема да добие шанса да настапи во квалификациите за место на Мундијалот и ќе го пропушти Европското првенство во 2024 година.