Казахстан на чекор од Лига Б, Белорусија „падна“ во Астана

Казахстан

Казахстан запиша голема победа на домашен терен против репрезентацијата на Белорусија (2-1) во Лига Ц од Лигата на нации.

Натпреварот во Астана донесе три гола, а првиот беше во режија на Абишјев по половина час игра. Пред самиот крај на полувремето резултатот се промени. Гостинот стигна до израмнување, по голот на Савитски, кој со малку среќа стигна до топката и реагираше пред казахстанскиот голман.

Трите бода сепак на крај останаа кај домашната селекција. Во финишот за победа погоди Зајнутдинов, за четврта победа на Казахстан.

Домаќинот на крај остана со човек помалку. Меѓутоа беше прекасно за Белорусија да промени нешто и да стигне барем до бод.

Состави

Станислав Черчесов

5-4-1

    Carlos Ferrer

    4-4-2