Кавани за судирот со Меси: Ова е вообичаено за јужноамериканско дерби! 

Селекциите на Уругвај и Аргентина вчера одиграа возбудлив фудбалски натпревар, кој заврши без победник, 2-2. Но, еден детаљ го одбележа големото дерби на Јужна Америка. 

Иако можеа да се видат неколку мајсторски потези, сепак, по крајот на мечот сите зборуваат за судирот меѓу Меси и Кавани. Ѕвездите на ПСЖ и Барселона пред крајот на првото полувреме влегоа во жестока расправија, а наводно Кавани сакал и физички да се пресмета, а ниту Меси немал ништо против за тоа и му порачал: „Кога сакаш“. 

<<< ПОВРЗАНО - ВИДЕО: Кавани го покани Меси на тепачка, тој му врати - „Кога сакаш“!

Искусниот уругвајски напаѓач по натпреварот зборуваше за овој инцидент и истакна дека ваквите судири се вообичаени за јужноамериканско дерби.

„Тоа е дел од фудбалот. Дерби натпреварите секогаш се вакви. Навистина имаше судири и работи кои не беа фудбалски, но ова е јужноамериканско дерби“, изјави Кавани. 

Наводно, двајцата потоа се судриле и во тунелот, но Луис Суарез ги раздвоил и не дозволил поголем инцидент.