• Зоран Мишевски
Фудбалерите на Бока Јуниорс се пласираа во полуфиналето на Лига Купот на Аргентина, откако на гостински терен ја совладаа Ривер Плата со 3-2 (1-1). За пласман во финалето на натпреварувањето ќе се борат против Естудијантес.
Натпреварот започна добро за Ривер. Домашните поведоа во раната фаза со голот на Борха, но Бока продолжи да игра многу подобро и по пресврт оствари голема победа во дербито и обезбеди место меѓу најдобрите четири екипи во натпреварувањето.
Прво Мерентиел ја намали разликата во судиското надополнување во првото полувреме, а со двата брзи гола на Кавани и споменатиот Мерентиел во средишницата на вториот дел, тимот од популарната „Бомбоњера“ дојде до недостижна предност. Ривер, за волја на вистината, се обидуваше до крајот на секој начин да се врати во мечот. Носени од татнежот од трибините, домашните се закануваа до последен момент. Таа во судиското надополнување намали со голот на Диаз, но немаше повеќе време за пресврт.
- Извештај од натпреварот:
На крајот, Бока успеа да слави во „Супер-класико“ и да закаже дуел со Естудијантес, кој претходно со 3-0 го совлада Каракас.